Достапни линкови

Состанок на Вишеградската група и Западен Балкан во Прага


Во Прага почнува неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група, Словенија и земјите од Западен Балкан, на кој ќе учествуваат и комесарот за проширување Штефан Филе и директорот во Службата за надворешни работи на ЕУ, Мирослав Лајчак.
Македонија ќе ја претставува министерот за надворешни работи Никола Попоски.
На состанокот во Прага се очекува да бидат разменети мислења за унапредување на евроинтегративниот процес на земјите-кандидати и потенцијални кандидати од Балканот.
Основањето на Вишеградската група во 1991 година придонесе за интензивирање на регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG