Достапни линкови

Споменик на Цар Самоил во Охрид


Ако не биде пренесен оној од Скопје, ќе се гради нов споменик на Цар Самоил во Охрид, најавува охридскиот градоначалник Александар Петрески.

Немам сознанија како и дали владата ќе реагира на мојата иницијатива споменикот на Цар Самоил да се пренесе од градскиот плоштад во Скопје на плоштадот кај Чинарот во Охрид, но доколку таа не наиде на прифаќање, наскоро ќе распишеме конкурс да отпочне постапка за изградба на нов споменик на Самоил во Охрид, каде му е и местото на споменикот посветен на царот чија тврдина е надвисната над Охрид, и кој историски е поврзан со овој град, а не со метрополата.
Зошто да правиме друг споменик, кога веќе него го има, тој е направен, веќе се потрошени средства. Ако пак градиме нов, ќе побараме донатори за изградба на споменикот.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Ова е ставот на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој неговата заложба ја образложува со сознанија дека и кај поедници во владата имало критики за поставувањето на Цар Самоил во Скопје, каде тој отскокнувал и пречел во концептот споменици на плоштадот и каде не му било местото, и со желбата идејата стара една деценија, за која охридскиот совет донесе одлука, да се реализира со заштеда, а не со дуплирање на финансиски средства.

„Зошто да правиме друг споменик, кога веќе него го има, тој е направен, веќе
се потрошени средства. Јас сум сигурен дека и на Цар Самоил не му е сеедно да е таму поставен каде што е сега или да е поставен кај што личи, каде што му е местото. Ако пак градиме нов, ќе побараме донатори за изградба на споменикот, затоа што јас стојам на фактот дека народни пари, пари од граѓаните, во оваа сиромаштија, кога тие немаат пари да си ги платат сметките за струја, вода и телефон, да ги трошиме нивните пари за споминици, сега не е време. Од тие причини, нема да ги трошам парите на граѓаните со кои располагаме јас и советот, туку ќе побарам спонзори и донатори“, вели градоначалникот Петрески.
Ние како советничка група ја поддржавме одлуката меѓутоа коментарот на градоначалникот го сметаме за една бесмислена изјава, којашто нема тежина од аспект на тоа што споменикот на Цар Самоил во Скопје претставува дел од еден друг проект, дел од идејата „Скопје 2014“
Јованка Дамовска-Секуловска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кој смета дека охридските советници од ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција во локалната власт на СДСМ, повеќе биле заинтересирани за Скопје, партијата и централната власт отколку за нивниот Охрид.

„Ние како советничка група ја поддржавме одлуката на советот за изградба на споменик на Цар Самоил во Охрид, меѓутоа коментарот на градоначалникот го сметаме за една бесмислена изјава, којашто нема тежина од аспект на тоа што споменикот на Цар Самоил во Скопје претставува дел од еден друг проект, дел од идејата „Скопје 2014“. Според тие кажувања на градоначалникот, би требало и другите општини кои имаат свои познати личности од нивната историја, а се дел од проектот „Скопје 2014“, да се релоцираат во другите градови. Тогаш Велешани би го побарале спомеикот на Гемиџиите, Прилеп
Споменикот би се поставил кај Чинарот
Споменикот би се поставил кај Чинарот
на Ченто итн. Според тоа, сметам дека таквата изјава не држи место и дека Цар Самоил во Охрид треба да претставува посебен споменик, кој на некој начин ќе се вклопува во амбиентот на Охрид и ќе го одрази опстојувањето на Цар Самоил на овој простор“, вели Јованка Дамовска-Секуловска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во градскиот совет.

За неа е неприфатлива иницијативата на охридскиот градоначалник и која смета дека Охрид како духовен, културен и христијански центар заслужува да добие споменик и на Свети Еразмо.

Од општината најавуваат дека градот ќе добие спомен обележје на египетската божица Изида на иницијатива на Египќаните, а идеи за изградба на споменици има и за познатите и големи охриѓани - Григор Прличев, Христо Узунов и Живко Чинго.
XS
SM
MD
LG