Достапни линкови

Европската централна банка ги намали каматите


Новиот претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

Новиот претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

Европската централна банка денеска неочекувано ја намали каматната стапка од 1,5 на 1,25 отсто, во обид да ја поттикне слабата европска економија. Новиот претседател на банката, Марио Драги, вели дека изгледите за слаб економски раст на земјите од еврозоната довеле до ваков чекор. Со намалувањето на каматите се очекува да се спречи нова рецесија. Марио Драги неделава го замени Жан Клод Трише, кој беше на чело на банката осум години.
XS
SM
MD
LG