Достапни линкови

Туркменистан се врти кон Европа


Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов.

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов.

Извозот на енергенси во Европа е „најважен аспект на туркменистанската надворешна политика“, изјави претседателот на оваа централноазиска држава, Гурбангули Бердимухамедов. Тој вели дека огромните резерви на природен гас што ги поседува неговата држава бараат „нови гасоводи до профитабилни пазари“. Тој зборуваше и за потребата од изградба на транс-касписки гасовод, предлог на кој се противат Русија и Иран.

Бердимухамедов стана погласен во промовирањето на продажбата на туркменистански гас во Европа, откако две години траат натегањата со Русија за цената на туркменистанскиот гас што се извезува во Москва.
XS
SM
MD
LG