Достапни линкови

Самозадоволство од првите 100 дена


Премиерот Груевски задоволен од направеното во првите 100 дена од владеењето. Според експертите пак, Владата потфрлила и на домашен и на надворешен план.

Во првите 100 дена, Влада ги исполни зацртаните цели, рече премиерот во своето обраќање по тој повод.
Владата ги постигна зацртаните цели кои се утврдени во програмата за работа и кои се резултат на нашите ветувања.

Премиерот потсети на сите донесени мерки и закони, изградени патишта, катни гаражи, ја спомена реконструкцијата на аеродромот, легализацијата на дивоградбите, туризамот, дијалогот со новинарите, но стратешките заложби на Владата останаа на крај и маргинализирани во долгото обраќањето на премиерот.

„Владата ги постигна зацртаните цели кои се утврдени во програмата за работа и кои се резултат на нашите ветувања. Нашите дела и остварувања се базирани на програмата која е јавна и транспарентна, мерлива и видлива, се што имаме ветено во програма за овој период го имаме остварено. Во рамките на нашето делување се водиме од стратешките определби и темелните принципи на владината политика и од националниот и државен интерес.“



А, што се случуваше овие 100 дена?

Ноќта на прославата на победата, беше убиено едно момче од припадник на едницата за специјални задачи Тигар. Властите отпрвин се обидоа да го сокријат случајот.

Ден по изборите беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за нелегално финансирање на изборната кампања и за злоупотреба на службената положба.

Неколку медиуми се затворија, а стотици новинари останаа без работа.

Иако подготвуван неколку години, пописот на населението пропадна на Продолжуваме понатаму со дела, со срце за Македонија, рече во обраќањето премиерот Груевски

Продолжуваме понатаму со дела, со срце за Македонија, рече во обраќањето премиерот Груевски

само неколку денови пред крајот на попишувањето.

Македонија го доби извештајот од ЕК за напредокот кон ЕУ. Премерот и се спротивстави на ЕУ, по што следуваа протесни писма од институции, организации и поединци за изоставувањето на придавката „македонски“ од Извештајот.

Се одбележаа 10 години од Рамковниот договор, на прославата повеќе и се радуваа странците. Потоа следување прославата на 20 години независност, на која не присуствуваше опозицијата. Партиите останаа разединети и за прославата на 11 октомври.

Собранието ги амнестираше Хашките случаи. Продолжија задолжувањата, падна договор за минимална плата. Министрите продолжија да работат 24/7. Се пуштаа во употреба економски зони,се отвараа тениски игралишта, се ловеа „бубашваби“ по болници, скопјани добија нови автобуси, плоштадот доби „Воин на коњ“ и уште по некоја споменик, мостот Гоце Делчев доби нова ограда и канделабри.

Владата потфрли, оценуваат експертите

Но, како ја оценуваат експертите работата на старо-новата Влада во првите 100 дена.

Во овие 100 дена Владата не покажа ништо ново, продолжи да се движи по зацртаниот пат, вели професор Здравко Савески.

„Владата не презема некои иницијативи за подобрување на ситуацијата на надворешен план, делумна нова иницијатива која може да пројави некои нови позитивни ефекти е промовирањето на идејата за започнување на преговори со ЕУ.“
Практично нашата власт на непринципиелен начин се искара со целиот свет што е многу штетно за виталните интереси на државата. На внатрешен план пак, имаме огромна стагнација бидејќи немаме инвестиции, имаме ограничен простор во однос на медиумите

Но, и на тој план не се работи доволно, на подобрување на односите со Грција, вели Савески.

Владата потфрли и на надворешен и на домашен план, вели професор Мерсел Биљали.

„Практично нашата власт на непринципиелен начин се искара со целиот свет што е многу штетно за виталните интереси на државата. На внатрешен план пак, имаме огромна стагнација бидејќи немаме инвестиции, имаме ограничен простор во однос на медиумите, односите со коалициониот партнер повеќе се калкулативни значи тука не се подели демократијата и принципите, туку интересите“, вели професор Биљали.

На крајот од своето 40-минутно обраќање, Груевски им се обрати и на своите подржувачи, но и на критичарите на неговата политика.

„Продолжуваме понатаму со дела, со конретни мерки, чекори и резултати, со срце за Македонија“, рече премиерот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG