Достапни линкови

Хашим Тачи се откажа од тужбата против Дик Марти


Косовскиот премиер Хашим Тачи се откажа од тужбата против известувачот на Советот на Европа Дик Марти, кој во извештајот за трговија со човечки органи за време на судирот на Косово го означи како одговорен.

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи потврди дека Тачи не е опфатен со истрагата која специјалниот тим на ЕУ започна да ја води по обвиненијата на Марти.

На Дик Марти му истече имунитетот, откако минатиот месец во својство на пратеник на Советот на Европа ја заврши својата политичка кариера
XS
SM
MD
LG