Достапни линкови

Папандреу го загуби мнозинството во Парламентот


Владејачката партија во Грција ПАСОК го загуби мнозинството во Парламентот пред утрешното гласање за доверба на Владата, јавуваат грчките медиуми.

Папандреу во понеделникот најави дека ќе побара од парламентот да глеса за доверба на Владата и дека ќе распише референдум за договорот за помош со Европската унија.

Папандреу во парламентот имаше мнозиство од само два пратеника од вкупно 300 членови. Група пратеници од владејачката ПАСОК побараа вчера оставка од Папандреу тврдејќи дека со неочекуваната најава за референдум го загрозил најновиот договор за помош со ЕУ
XS
SM
MD
LG