Достапни линкови

Во грчкиот парламент дебата за доверба на владата


Во грчкиот Парламент започна дебата за доверба на Владата која ќе трае до утре кога ќе биде одржано гласањето.
Папандреу во понеделникот најави дека ќе побара од парламентот да глеса за доверба на Владата и дека ќе распише референдум за договорот за помош со Европската унија.
Папандреу во парламентот има мнозиство од само два пратеника од вкупно 300 членови.
Група пратеници од владејачката ПАСОК побараа вчера оставка од Папандреу тврдејќи дека со неочекуваната најава за референдум го загрозил најновиот договор за помош со ЕУ.
Анкети укажуваат дека мнозинството Грци се противат на меѓународните кредити кои се условени со остри мерки за штедење, но се за останување во еврозоната.
XS
SM
MD
LG