Достапни линкови

Борби во авганистанската провинција Херат


Херат - архива

Херат - архива

Официјални преставници на Авганистан изјавија дека милитанти нападнале армиските трупи во западната провинција Херат.
Според нив, имало самоубиствен бомбашки напад во главниот град покрај патот кој води кон аеродромот.
Авганистанските трупи по бомбашкиот напад се бореле со двајца напаѓачи кои нападнале логистичка компанија која работела за НАТО.
Според локалните власти во Херат, станува збор за териристички напад. НАТО силите ја предадоа контролата врз Херат на авганистанките сили во Јули како дел од планот за повлекување на војниците предводени од САД до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG