Достапни линкови

logo-print

Нема пари за Грција, додека одлучува за еврото


Саркози, Папандреу и Меркел

Саркози, Папандреу и Меркел

Лидерите на Франција и Германија изјавија дека Грција нема да добие повеќе пари од европските фондови за спас, се додека Атина одлучува за својата иднина во рамките на еврозоната.

Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел имаа вонредни разговори со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, по одлуката во Грција да се одржи референдум. Таквата одлука ги разлути европските лидери.

Саркози изјави дека Европа е подготвена да и помогне Грција, но само ако таа ги исполнува „своите обврски“.

Најавата на Папандреу за референдум на кој ќе се гласа за спасувачкиот пакет за Грција, дојде на само една недела по одлуката да и се дадат на Атина 130 милијарди евра за излез на земјата од економската криза и да и се отпишат половина од долговите.

Меркел рече дека Европа сака да им помогне на Грција, но она што е најаважно е стабилизирање на еврото.
XS
SM
MD
LG