Достапни линкови

Бан Ки Мун- Сирија да го реализира планот на Арапската лига


Анти-владини демонстрации во Сирија

Анти-владини демонстрации во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун се надева дека Сирија ќе го реализира новиот план на Арапската лига, со кој ќе се стави крај на насилствата во Сирија.

Сирија претходно го прифати планот предложен од страна на Арапската лига, кој вклучува ослободување на затвореници, повлекување на безбедносните сили од улиците и разговори меѓу Владата и
опозицијата.

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 3.000 луѓе се убиени од страна на владините сили од почетокот на демонстрациите во март.
XS
SM
MD
LG