Достапни линкови

Осуден рускиот „трговец со смртта“


Рускиот дилер со оружје Виктор Боут

Рускиот дилер со оружје Виктор Боут

Федералниот Суд во Њујорк го осуди рускиот дилер со оружје Виктор Боут, за обид да им продаде тешко оружје на една колумбиската терористичка група.
Боут кој е позната и како „трговец со смртта“ се соочува со доживотна казна. Пресудата за тоа колку години ќе добие, судијата ќе ја донесе на 8 февруари. Адвокатот на Боут, соопшти дека неговиот клиент ќе поднесе жалба.
Боут беше уапсен во 2008 година, во заедничка операција на американски и колумбиски служби.
Обвинителството соопшти дека имаат тајни снимки кои покажаат дека Боут кој е поранешен Советски воен офицер сакал да направи милиони со доставувањето оружје на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG