Достапни линкови

Сириската војска ќе се повлече од градовите


Анти-владини протести во Сирија.

Анти-владини протести во Сирија.

Арапската лига соопшти дека Сирија се согласила да ја повлече армијата од градовите како еден од чекорите предвидени од арапската иницијатива за надминување на крвопролевањата во земјата. По министерскиот состанок на Арапската лига во Каиро, катарскиот премиер Шеик Хамад бин Јасим Ал Тани, изјави:

„Ние сме среќни што го постигнавме овој договор, но ќе бидеме уште посреќни кога итно ќе се спроведе.“

Тој прочита соопштение според кое Сирија се согласила да го запре насилството, да ослободи затвореници, да ја повлече армијата од градовите и населените места и да им дозволи на Арапската лига и на медиумите пристап за да може да известат за ситуацијата.
XS
SM
MD
LG