Достапни линкови

Од 4 до 10 ноември, со учество на претстави од Италија, Франција, Полска, Турција и од државите во регионов, ќе се одржи театарскиот фестивал СКУПИ ФЕСТ 2011.

Рокенрол на Том Стопард во режија на Дино Мустафиќ и изведба на Националниот театар на Косово, Собата од Харолд Пинтер во режија на Енрико Деоти и Џулија Далонгаро на италијанските Театро Џуларе и ЦСС Театар Стабиле Ди Иновационе Дел ФВГ, Умирање – проектот на љубљанската ВИА НЕГАТИВА и авторите Катарина Стегар и Бојан Јаблановец, Преминување на линијата на режисерката Дијана Милошевиќ и белградскиот Дах театар, Квинтет – Приказна за враќањето на петте дела на Несрим Казанкаја и истанбулскиот Пера театар... се само некои од осумте претстави што ќе бидат прикажани во рамките на годинешното петто по ред издание на интернационалната театарска
Пополнуваме еден сегмент којшто е многу важен за публиката во Скопје и секако за МНТ, тоа се претстави од странство, од меѓународна продукција
манифестација СКУПИ ФЕСТ 2011 која од 4 до 10 ноември ќе се одржи во Македонскиот народен театар – Театар Центар.

„Пополнуваме еден сегмент којшто е многу важен за публиката во Скопје и секако за МНТ, тоа се претстави од странство, од меѓународна продукција кои секогаш се интересни како од компаративен аспект и второ се разбира како единствена можност, прозорец да видиме што се случува во Европа“, забележува Дејан Пројковски, уметничкиот директор на МНТ.

СКУПИФЕСТ годинава се одржува под мотото ДА ПУКНЕ!, а селекторот на програмата Сенко Велинов, ќе забележи дека зад групата граѓани која како организатор го потпишува ова случување е веќе една сериозна бројка која обврзува и дека тие се трудат да овозможат онолку колку што можат еден друг поглед на театарот од поблиска и подалечна, но пред се европска околина. Тој притоа дополнува дека основната идеја на СКУПИ ФЕСТ е да ја пополни празнината што се јавува помеѓу фестивалите како
Не сметаме дека фестивалите треба да бидат конкурентни еден на друг туку сметаме дека треба да направиме уметничка и театарска понуда на луѓето да уживаат едноставно во нешто сосема друго
Војдан Чернодрински, Охридско лето и МОТ, всушност нивната веќе етаблирана програма и дека тие се стремат како манифестација да се најдат себе си во просторот каде што се вртат поалтернативната програма и независните продукции.

„Не сметаме дека фестивалите треба да бидат конкурентни еден на друг туку сметаме дека треба да направиме уметничка и театарска понуда на луѓето да уживаат едноставно во нешто сосема друго. Тоа е основната идеја што не води, а мотото на фестивалот ќе го смислуваме од година во година така како што сакаме и како што е податно за сите нас.“

Директорот на фестивалот Музбајдин Ќамили Мучи и Велинов истакнуваат дека годинава имале идеја програмата да ја базираат на претставите од Балканот во кои активно биле вклучени македонските актери, драматурзи и режисери како Унковски, Куштрим, Дуковски, Поповски и други, но дека поради скусениот буџет само времено се откажале од таквите настојби.
Кон ова само уште информацијата дека за оваа пригода е обезбеден и превод на диалозите во пиесите и дека за единствената награда на СКУПИ ФЕСТ – Грандпри за претстава во целина ќе одлучува интернационалното жири во состав: Марта Тржениосло – заменик амбасадор на Полска во Република Македонија, Исмет Рамадани – актер и професор на Факултетот за драмски уметности и режисерот Сашо Миленковски.
Инаку, манифестацијата е подржана од Министерството за култура.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG