Достапни линкови

logo-print

Египет ќе помилува 334 затвореници


Воените власти што се на власт во Египет најавија помилување на 334 цивили кои беа осудени од воените судови по востанието со кое во февруари беше соборен поранешниот претседател Хосни Мубарак. Во соопштението што Врховниот совет на вооружените сили го објави на својата Фејсбук страна не се наведува за што се осудени тие што ќе бидат ослободени, ниту пак кога ќе бидат ослободени. Најмалку 12 илјади луѓе се изведени пред воените судови во Египет од јануари досега.
XS
SM
MD
LG