Достапни линкови

logo-print

Владата го усвои предлог-буџетот за 2012 година


Владата го усвои предлог-буџетот за наредната 2012 година. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, изјави дека буџетот е проектиран на 169 милијади денари, односно, околу 2,76 милијарди евра. Приходите се предвидени на 159 милијарди денари, односно 2,6 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП.
Предлог-буџетот треба да се прати на разгледување во Собранието.
Според предлогот, предвидено е зголемување на капиталните расходи за 28 отсто, а повеќе средства ќе има и за образованието, здравството и инфраструктурата.
Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто.
Според министерот за финансии, буџетот за наредната година е реален остварлив и објективен.
XS
SM
MD
LG