Достапни линкови

Меркел сака да знае што сака Грција


Германскaтa канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Германскaтa канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Германскaтa канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа го поддржува новиот спасувачки финансиски пакет за Грција, но има потреба од повеќе јасност од Атина, пренесоа светските агенции.

Меркел ова го кажа денеска, пред да замине за Кан, каде ќе има итни разговори со грчкиот премиер Јоргос Папандреу по неговата изненадувачка одлука да свика референдум за вториот пакет од финансиска помош за Атина во вредност од 130 милијарди евра, прецизираа агенциите.

Европските претставници сакаат да знаат кога Грција планира да го спроведе референдумот и какво точно прашање ќе се постави.

На средбата во Кан ќе присуствуваат францускиот претседател Никола Саркози, извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и европски претставници, објавија германските медиуми.
XS
SM
MD
LG