Достапни линкови

Уплашени од негативното искуство со задругите во минатото, дел од земјоделците со недоверба кон иницијатива за формирање на земјоделски задруги.

Новиот модел на задруги кој на модерен начин треба да ги уреди состојбите во земјоделското стопанство звучи како фраза со оглед на нашето минато во последните 60-тина години. Тогаш задругите беа организирани како претпријатија во селата задолжени за вкупен развој на областа во која делуваа односно опфаќаа широк спектар на дејности.
Ќе треба време за тоа, вака како што е луѓето без голема желба ќе влегуваат во неа поучени од историјата. Конкретно јас живеам во Валандово па така да знам дека Анска река овдека имаше кооператива која што на многу луѓе им остана должна. Така што барем поинаку да ги именуваме

Ова се првичните реакции откако Агенцијата за поддршка на земјоделството го објави јавниот повик за аплицирање за финансиска поддршка за формирање задруги и зачувување на рурални предели.

Ефтим Шаклев од Здружението на Фармери вели дека новиот модел треба да ја зголеми конкурентноста на земјоделските стопанства и нивниот пристап до кредитни сретства:

„Тоа не се тип на задруги како што биле порано, овие задруги се разликуваат по тоа што ќе бидат формирани на доброволна база, а второ нема да се здружува капиталот, идејата е само заеднички да учестуваат на пазарот, да се натераат да произведуваат еден вид на производ и при набавките да имаат поголеми набавки, а кога имаат поголеми набавки од добавувачите цената е поевтина.“

Како што соопшти Агенцијата право да користат средства имаат задруга или правно лице со претежна дејност од областа на земјоделството. Средствата за економско здружување на земјоделски стопанства предвидуваат помош за воспоставување задруга со претежна дејност од
Тоа не се тип на задруги како што биле порано, овие задруги се разликуваат по тоа што ќе бидат формирани на доброволна база, а второ нема да се здружува капиталот, идејата е само заеднички да учестуваат на пазарот

областа на земјоделството. Некои земјоделци го критикуваат решението наведувајќи дека името „задруги“ ја засилува климата на недоверба:

„Секој ден се судруваме со таа проблематика, со тие расцепкани површини, мали количини, доаѓаат добавувачите и ве уценуваат заради тоа што сте мали. Така што убаво би било сето ова да заживее, убаво би било да тргне, меѓутоа ќе треба време за тоа, вака како што е луѓето без голема желба ќе влегуваат во неа поучени од историјата. Конкретно јас живеам во Валандово па така да знам дека Анска река овдека имаше кооператива која што на многу луѓе им остана должна. Така што барем поинаку да ги именуваме“,коментира Димче Балевски кој има искуство со овоштарство и органско производство на храна.

Средствата од мерката „Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики“,пак се предвидени за надомест на трошоци за номадско одгледување овци и традиционално овчарство во висина од 80 отсто од просечната бруто плата во дејноста за период од 1 ноември 2010 до 30 октомври 2011 година за вработен овчар во сооднос 1 овчар на 150 овци. Во Aгенцијата велат дека промените биле планирани од поодамна. Крајниот рок за доставување на барањата е 25 овој месец.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG