Достапни линкови

Уапсени двајца мажи за помагање на нападот во Сараево


Мевлид Јашаревиќ за време на нападот врз американската амбасада во Сараево.

Мевлид Јашаревиќ за време на нападот врз американската амбасада во Сараево.

Босанската полиција уапси двајца мажи осомничени дека му помагале на напаѓачот што во петокот пукаше кон американската амбасада во Сараево. Босанското јавно обвинителство соопшти дека полицијата ги уапсила 24-годишниот Дино Печенковиќ и 21-годишниот Муниб Ахметпашиќ. Тие се осомничени дека го довезле напаѓачот Мевлид Јашаревиќ од селото Горња Маоча во северна Босна до американската амбасада во Сараево. Напаѓачот Јашаревиќ беше ранет и приведен. Во престрелката беше ранет и еден босански полицаец.
XS
SM
MD
LG