Достапни линкови

Обновени судирите во Јемен - најмалку 13 мртви


Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех.

Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех.

Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во обновените судири во Јемен, соопштуваат болнички извори и активисти за човекови права. Болнички извори велат дека најмалку 10 луѓе, претежно цивили, биле убиени во вооружените судири меѓу владините сили и племињата кои бараат повлекување на претседателот Али Абдула Салех, во градот Таез. Во слични судири во главниот град Сана биле убиени тројца луѓе. Деветмесечните судири меѓу владините сили и демонстрантите што бараат оставка на Салех се обновија откако настапи кусо затишје.
XS
SM
MD
LG