Достапни линкови

Тимошенко до ЕУ - Не ја казнувајте Украина поради мене


Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко.

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко.

Затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко побара од ЕУ да продолжи со планираниот договор за асоцијација со Украина и покрај противењето на Унијата на нејзиното затворање.

Соединетите Држави и ЕУ остро ја осудија седумгодишната затворска казна за Тимошенко, која беше обвинета за злоупотреба на службената должност. Според САД и ЕУ, казната е политички мотивирана. Минатиот месец, ЕУ ја откажа средбата со украинскиот премиер Виктор Јанукович, политички противник на Тимошенко.

Некои европски дипломати рекоа дека декемврискиот самит на кој требаше да се потпише договорот е загрозен. Во писмото од затвор, Тимошенко вели дека договорот ќе биде „историски пробив на европскиот сон за Украинците“ и ја повика ЕУ да не го нарушува поради нејзината судбина. Тимошенко тврди дека е невина и дека е во затвор поради политички реваншизам.
XS
SM
MD
LG