Достапни линкови

Уапсен осомничен воен злосторник во Република Српска


Архивска фотографија: Сараево во 1994 година.

Архивска фотографија: Сараево во 1994 година.

Уапсен е пензионираниот генерал на полицијата на Република Српска, Горан Сариќ, осомничен за воени злосторства на подрачјето на Сараево. Сариќ, кој за време на војната бил командант на специјалната полиција на Република Српска, бил уапсен утрово во неговиот стан во Бјелина. Обвинителството на БиХ соопшти дека Сариќ е осомничен дека во јуни 1992 година наредил убиство на 10 цивили-Бошњаци, како и заробување на повеќе луѓе од бошњачка националност, воглавно жени и деца.
XS
SM
MD
LG