Достапни линкови

Референдумот во Грција - победа за државата


Генералниот директор на Светската трговска организација, Паскал Лами.

Генералниот директор на Светската трговска организација, Паскал Лами.

Генералниот директор на Светската трговска организација, Паскал Лами, изјави дека референдум на Грција за планот за помош на државата може да „биде победа“.

„Моите грчки пријатели ми велат дека референдумот може да биде победа за државата. Грците веројатно може да оценат дека без планот ќе дојде нешто полошо“, изјави францускиот социјалист за Франс ентер.

Според него, евентуалното излегување на Грција од еврозоната или откажување од европската валута би биле „полоша варијанта“ за Грците отколку плановите за економски мерки воведени од државата која е во рецесија веќе четврта година по ред.
XS
SM
MD
LG