Достапни линкови

Шанси за пласман на одбојкарите на ЕП


Добиените противници по ждребката на квалификациските групи, но и подготвеноста на играчите, ги „подгрева“ надежите за пласман на македонските одбојкари на ЕП.

Добивме противници по мерка и сега само од нас зависи дали конечно ќе се пласираме на едно машко Европско првенство во одбојка.
Ова е општото мислење во македонските одбојкарски кругови по ждребката на квалификациските групи за собирот на најдобрите на Стариот континент, кој во 2013-та година ќе се одржи во Данска и во Полска. Патот дотаму води преку групата во која по двапати ќе играме со Чешка и Австрија, како и со победникот од предквалификацискиот дуел Хрватска - Швајцарија.
Императив не смее да биде, меѓутоа знаете како ако од 15 играчи што редовно се повикувани на подготовки за репрезентацијата на Македонија, 12-13 играат надвор од Македонија тоа значи дека имаме квалитетни играчи коишто играат на силни привенства низ Европа, самото тоа ни кажува дека можеме да се бориме рамноправно со сите.

Станува збор за селекции кои не се недопирливи за нас и против кои, за остварување на целта, е потребно да го освоиме најмалку второто место, кое ќе не однесе во дополнителен бараж. Тоа сега се наметнува и како императив, за што е свесен и селекторот Александар Тасевски, иако тој не сака да се соочи со таков притисок.

„Императив не смее да биде, меѓутоа знаете како ако од 15 играчи што редовно се повикувани на подготовки за репрезентацијата на Македонија, 12-13 играат надвор од Македонија тоа значи дека имаме квалитетни играчи коишто играат на силни привенства низ Европа, самото тоа ни кажува дека можеме да се бориме рамноправно со сите“,изјави Тасевски, според кого фаворит во нашата група е Чешка.

Сепак, и против Чесите можеме да се надеваме барем на една победа, бидејќи нивниот сегашен состав е послаб од оној што не совлада во баражот за евро - шампионатот пред две години. Од друга страна, Австрија и Хрватска (која според прогнозите е фаворит против Швајцарија), се селекции кои не смеат да се потценат, но се и национални тимови од кои, барем на хартија, сме подобри.
Пред се најважно е бројот на денови коишто ќе бидат одредени за овие квалификации и нормално за резулатите треба да застане Одбојкарската федерација на Македонија за финансиски да го покрие тој план и програма и нормално здравје на играчите, доколку ги имаме сите овие предуслови останува рамноправно да се бориме со сите.



Селекторот е убеден дека со максимален ангажман на сите репрезентативци, тоа и ќе се потврди на двата квалификациски турнира, кои во септември наредната година ќе се одржат во Австрија и во Чешка. Но, тој и напоменува дека за учество на Еуро, ќе треба да се исполнат уште неколку предуслови.

„Пред се најважно е бројот на денови коишто ќе бидат одредени за овие квалификации и нормално за резулатите треба да застане Одбојкарската федерација на Македонија за финансиски да го покрие тој план и програма и нормално здравје на играчите, доколку ги имаме сите овие предуслови останува рамноправно да се бориме со сите“,додаде Александар Тасевски.

Инаку на Европското првенство во Данска и во Полска, покрај домаќините и првите пет од годинашното Еуро (Србија, Италија, Русија, Словачка и Бугарија), директен пласман ќе обезбедат и победниците во шесте квалификациски групи, а последните три учесника ќе бидат познати по бараж дуелите закажани за мај 2013 - та година. Во тие баражи, вториот од нашата група за пат на Еуро ќе треба да биде подобар од второпласираната селекција во групата во која се Словенија, Германија, Украина и победникот од предквалификацискиот двомеч меѓу Луксембург и Шведска.
XS
SM
MD
LG