Достапни линкови

logo-print

Почна судењето за убиство на Мартин Нешкоски


Протест против полициска бруталност во Скопје организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, на 29 септември 2011 година.

Протест против полициска бруталност во Скопје организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, на 29 септември 2011 година.

Почна судењето против полицискиот „Тигар“, Игор Спасов, обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, што се случи на 6 јуни вечерта по парламентарните избори.

Спасов, на почетокот на судскиот процес, побара да биде ставен на детектор за лаги и на тој начин да докаже дека ја зборува вистината. На судењето, кое според најавите од судот ќе трае неколку дена по ред, се очекува да се слушне што се случувало на плоштадот во Скопје и дали Спасов бил таму како обичен граѓанин или по налог на МВР.

Убиството на Нешкоски предизвика реакции на младите во Скопје, кои протестираа, барајќи одговорност за убиството, но, како што велат, и за обидот за „заташкување“ од страна на полицијата.
XS
SM
MD
LG