Достапни линкови

Бан Ки Мун очекува за два месеца договор за обединување на Кипар


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска изјави дека очекува до јануари да се донесе договор за повторно обединување на Кипар. Неговиот коментар следува по дводневаната конференција во Њујорк со грчкиот кипарски претседател Дмитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу. Бан Ки Мун ги опиша разговорите како „позитивни, продуктивни и енергични“. Тој изјави дека двајцата лидери му дале гаранции дека може наскоро да го финализираат договорот.
XS
SM
MD
LG