Достапни линкови

logo-print

Новинарски прирачник


Новинари на прес конференција

Новинари на прес конференција

Во насока на подобрување на состојбите во медиумите издаден прирачник за работа на новинарите, воедно како потсетник на нивната улога и одговорност во општеството.

Во насока на подобрување на состојбите во медиумите и зачувување на новинарската етика и интегритет, новинарите во Македонија добија прирачник за работа. Истиот има за цел да ги потсетува нив и вработените во медиумската сфера дека сопствениот интегритет, одговорност и улога во општеството можат да го градат само врз основа
на почитување на законите, етичките принципи и професионалните правила и вредности.
Слободата на медиумите не е загрозена од новинарите, слободата на медиумите е загрозена од власта и од оваа и од претходната, слободата на медиуми ја загрозуваат или ја ограничуваат сопствениците на медиуми

„Општество без слободни медиуми, без слободни новинари, без независни новинари, новинари кои не се плашат за своето работење и за својот живот и за својата егзистенција, општество коe сето тоа го нема тоа, тогаш е назадно општество“,рече Џабир Дерала, претседател на невладината Цивил Медиа која заедно со Здружението на новинари го релизираше овој проект.

За значењето на прирачникот зборуваше и првиот човек на здружението Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Насер Селмани, претседател на ЗНМ

на новинари, Насер Селмани. Според него прирачникот треба да биде постојано со новинарот за да го потсетува на неговата цел и улога во општеството. Селмани уште еднаш укажа дека слободата на медиумите во земјава е загрозена.

„Слободата на медиумите не е загрозена од новинарите, слободата на медиумите е загрозена од власта и од оваа и од претходната, слободата на медиуми ја загрозуваат или ја ограничуваат сопствениците на медиуми кои место да создадат услови за нормална работа на новинарите, ги ставаат медиумите во служба на политиката и финансиските интереси.“

Новинарскиот прирачник содржи искуства од новинарството во Норвешка, Велика Британија и Германија.

Новинарите мора да настојуваат балансирано да известуваат за главните настани, критички да ги опсервираат, да покренуваат клучни прашања и дебати во однос на нив, само така самите новинари можат и мораат да ја остваруваат својата улога во општеството
Еден од авторите на прирачникот, новинарот Ристо Поповски потсети дека новинарите не смеат да дозволат да потпаднат под влијание или да потклекнат на притисокот без оглед од каде доаѓаат.

„Новинарите мора да настојуваат балансирано да известуваат за главните настани, критички да ги опсервираат, да покренуваат клучни прашања и дебати во однос на нив, само така самите новинари можат и мораат да ја остваруваат својата улога во општеството во остварување на слободите и правата на човекот и развојот на демократијата“,рече Поповски.

Прирачникот е печатен на македонски и албански јазик и истиот ќе биде достапен до секој новинар. Проектот е реализиран со поддршка на Амбасадата на кралството Норвешка, а е дел од годишната програма на Цивил, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Забелешки во врска со слободата на медиумите и нивната независност имаше и во овогодинешниот извештај за напредокот на Македонија од Европската комисија. Со цел надминување на постоечките проблеми со кои се соочува новинарството деновиве се одржа и работна средба на новинарите во Маврово, а во таа насока неодамна беше отворен и дијалог меѓу претставници на Владата и новинарите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG