Достапни линкови

Вонреден состанок на меѓународните кредитори за реферeндумот во Грција


Лидерите на Франција и Германија ќе се сретнат в среда со шефот на Меѓународниот Монетарен фонд и претставници на Грција за да разговараат околу одлуката за референдум за пакетот финансиска помош за излез од должничјата криза.Ова е соопштено во заедничкото соопштение на Никола Саркози и Ангела Меркел по нивниот телефонски разговор. Ова соопштение следува по најавата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека ќе распише реферндум за пакетот финансиска помош за излез од должничката криза во износ од 130 милијари девра. Во меѓувреме глобалните финансиски пазари бележат пад по најавата за грчкиот референдум. Папандреу изјави дека му е потребна поширока политичка поддршка за реформите кои ги бараат странските кредитори.
XS
SM
MD
LG