Достапни линкови

Брамерц: Судењето на Младиќ ќе биде забрзано


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц денеска во Сараево изјави дека хашкото обвинителство ќе стори се за да го забрза судскиот процес против поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ. Тој додаде дека за предизвик е тој процес да биде процесуиран што е можно побрзо. Тој во Сараево го изготвува редовниот извештај на Советот за безбедност на Обединетите нации за соработка на државите од регионот со Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG