Достапни линкови

logo-print

Лидерите на ЕУ веруваат дека Грција ќе ги исполни обврските


Во заедничкото соопштение на претседателите на Европската Унија Херман Ван Ромпуј и на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо е наведено дека тие имаат целосна доверба дека Грција ќе ги испочитува и спроведе обврските кои ги презема во рамките на еврозоната.Ова соопштение следува по најавата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека ќе распише реферндум за пакетот финансиска помош за излез од должничката криза во износ од 130 милијари девра. Во меѓувреме глобалните финансиски пазари бележат пад по најавата за грчкиот референдум. Папандреу изјави дека му е потребна поширока политичка поддршка за реформите кои ги бараат странските кредитори. Од кабинетот на францускиот претседател Никола Саркози соопштија дека тој телефонски ќе разговара денеска со германската канцеларка Ангела Меркел за грчките случувања.
XS
SM
MD
LG