Достапни линкови

Отворена конференцијата за интернет безбедност во Лондон


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг предупреди дека секоја држава која се обидува да го ограничи пристапот до интеренет може да претрпи многу загуби поради социјалните и економските бенефити што ги нуди „on line“ комуникацијата. Тој во својот говор на отворањето на дводневната конференција во Лондон истакна дека треба да се дефинираат правила во виртуелниот простор кои нема да бидат подложни на владина контрола или цензура, но ќе овозможат развој и унапредување.
Хаг додаде дека во интерес на сите е да се обезбеди иднина во која секој ќе може да има слободен и безбезбеден пристап до сајбер просторот без да биде загрижен дека е цел на криминалци без разлика дали корисникот е „on line“ или „off line“.
На конференцијата беше најавен и говор на американскиот државен секретар Хилари Клинтон , но во последна минута е откажано нејзиното присуство.
На конференцијата присуствуваат владини претсавници, блогери, експерти за безбеност на интернет, директори на фирми за развој на технологија од 60 земји меѓу кои и од Русија и Кина.
XS
SM
MD
LG