Достапни линкови

Европските лидери вчудовидени од најавата за референдум во Грција


Францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел денеска ќе разговараат по телефон за одлуката на грчкиот премиер Јоргос Папандреу да распише референдум за пакетот финансиска помош за излез од должничката криза во износ од 130 милијарди евра. Европските политичари оценуваат дека Грција се обидува да го избегне планот за спас, договорен во минатата недела, искажувајки загриженост не само за судбината на Грција, туку и за последиците врз целата евро-зона. Папандреу ја образложи одлуката за референдум со потребата од поширока политичка подршка за потребни реформи кои ги бараат странските кредитори.
XS
SM
MD
LG