Достапни линкови

Претседателот на Киргистан ќе ја затвора американската база


Победникот на претседателските избори во Киргистан, Алмазбек Атамбаев, изјави дека поради американската база во таа земја постои опасност од одмазнички напади врз Киргистан и затоа треба да биде затворена до 2014-та година. Соединетите Држави од 2001-ва година ја користат базата во Манас, Киргистан, за логистичка подршка на операциите во соседен Авганистан. Русија исто така има своја база во Киргистан, но Атамбаев не коментираше ништо за неа.
XS
SM
MD
LG