Достапни линкови

logo-print

Скопје да се држи до обврските


Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски

Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски

,,Европската комисија бара од сите во Македонија да се фокусираат врз содржината на Извештајот за напредокот, бидејќи она што е важно во него е оценката колку е значајно да се оди натаму со реформите за добро на сите граѓани во таа земја.,, Ова во интервју за Радио Слободна Европа го наведува Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување Штефан Филе. Потврдувајќи дека еврокомесарот Филе има добиено, како што вели, неколку писма од Македонија во кои има жалби или на некој начин се спомнува прашањето за името во Извештајот за напредокот Стано најавува дека на нив ќе биде одговорено во догледно време и на соодветен начин и оти Комисијата отфрла секаква шпекулација за некаков нов пристап на Унијата кон прашањето за името.
XS
SM
MD
LG