Достапни линкови

Рози за ВД претседателот на Киргистан


Активисти во Киргистан најавија дека јавно ќе и се заблагодарат на досегашниот В.Д. претседател на земјата Роза Отумбаева за надзорот на една од неколкуте мирни транзиции на власта во централна Азија. Отумбаева ќе ја предаде функцијата на Алмазбек Атамбаев, победник на претседателските избори кои во земјата се одржаа на 30 Октомври. Активистите планираат да ја изразат благодарноста со поставување на рози пред претседатексата резиденција во Бишкек.
XS
SM
MD
LG