Достапни линкови

logo-print

Обвинителството бара еден месец притвор за Јашаревиќ


Јавното обвинителство во БиХ побара од судот да одреди мерка притвор за осомничениот за терористички напад врз американската амбасада во Сараево Мевлид Јашаревиќ во време трање од еден месец. Тој е обвинет за тероризам по нападот што го изврши во петокот. Обвинителството смета дека постои опасност Јашаревиќ да побегне или да влијае врз сведоците и соучениците, но не ја исклучува можноста дека доколку е на слобода може да го повтори или да изврши слично дело.
XS
SM
MD
LG