Достапни линкови

Околу 6 илјади луѓе ќе добијат привремени живеалишта по земјотресот во Ван


Turkey -- Homeless survivors of a major earthquake of 7.2 magnitude hit eastern province of Van take shelter at the Turkish Red Crescent tent camp in Ercis, 26Oct2011

Turkey -- Homeless survivors of a major earthquake of 7.2 magnitude hit eastern province of Van take shelter at the Turkish Red Crescent tent camp in Ercis, 26Oct2011

Турската влада, ЕУ и Црвената полумесечина денеска потпишаа спогодба за доделување на 1.200 привремени станови во кои ќе можат да се сместат 6.000 луѓе кои останаа без својот дом по земјотресот во источниот дел на земјата на 23 октомври, соопшти Европската комисија.
Становите се изработени од челични конструкции и се состојат од две соби, кујнски бокс, бања и тоалет. Вредноста на договорот е 4 милиони евра.
Испораката и монтажата на привремените станови ќе бидат извршени од турската организација на Црвената полумесечина, која добива поддршка од ЕУ според инструментот за претпристапна соработка.
XS
SM
MD
LG