Достапни линкови

Заработувачка преку изработка на ракотворби


Жените од дебарскиот регион изработуваат предмети од волна

Жените од дебарскиот регион изработуваат предмети од волна

Жените од регионот на Дебар, преку изработка на ракотворби се обидуваат да заработат и да ја подобрат финансиската состојба на нивните семејства.

Во состојба кога бројот на невработените лица во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово - Ростуша е се поголем, а социјалната положба на населението е се потешка, со цел да помогнат во подобрувањето на положбата на нивните семејства, одреден број на жени се обидуваат да заработуваат преку изработка на ракотворби, но и други производи
Ги пренесувам искуствата како се изработува филц техниката, која е подзаборавена. Ова се искуства на нас жените од источниот дел на Македонија и сметам дека ќе помогнат во економско јакнење на жената во руралните средини во западниот дел на Македонија

интересни за пазарот. Особено нагласена активност во оваа насока имаат жените од руралните средини кои преку проектот „Економско јакнење на жените во руралните средини“ очекуваат заработка и подобрување на материјалната положба на семејствата.

„Ги пренесувам искуствата како се изработува филц техниката, која е подзаборавена. Ова се искуства на нас жените од источниот дел на Македонија и сметам дека ќе помогнат во економско јакнење на жената во руралните средини во западниот дел на Македонија. Овде жените се многу креативни и активни и верувам дека ја совладуваат добро оваа техника, за изработка на производи од волна. Исто така верувам дека оваа соработка на двете здруженија ќе продолжи“,вели Олга Стојменова од здружението „Агро Винка“ од Виница. Таа ги пренесуваше искуствата за изработка на производи од волна со филц техника на жените од трите наведени општини.

Оваа активност која беше организирана од страна на дебарското здружение „Радика Де“ покрај пренесувањето на искуствата во
Јас сум невработена и очекувам од овој проект, со изработка на производи од волна со оваа техника и нешто да заработам

изработката на предмети од волна од источниот во западниот дел на Македонија, има и големо значење за меѓусебното запознавање на жените од целата наша држава, истакнува претседателката на здружението „Радика Де“ Фадрија Мустафовска. Според неа овој проект е многу добро прифатен од страна на жените од Дебар, Река и Жупа.
Волнена изработка

Волнена изработка


„Жените од регионот Центар Жупа, Маврово - Ростуша и Дебар, одлично го прифатија овој проект. Во нашиот регион има многу волна која не се користи за изработка на предмети. Ова е можност жените со својата креативност да дојдат до профит. Се надевам дека овој проект ќе придонесе за економското јакнење на жената особено во руралните средини, бидејќи таа е невработена и нема доволно школска наобразба да работи нешто друго.“
Жените учеснички во проектот очекуваат дека изучувањето на филц техниката во изработката на производите од волна ќе им овозможи и добра заработка.

Една од триесетте жени кои ја следеа обуката нагласи:

„Јас сум невработена и очекувам од овој проект, со изработка на производи од волна со оваа техника и нешто да заработам.“
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG