Достапни линкови

Расмусен ги пофали Либијците за пожртвуваноста


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен ги пофали Либијците за „нивната храброст, решителност и пожртвуваност“ за време на востанието против режимот на Моамер Гадафи. Тој во својот говор денеска во Триполи изјави дека е горд на улогата што ја одигра НАТО за да им помогне на либиските бунтовници. Расмусен изјави дека алијансата нема конкретни инфоамции за резервите на оружје во Либија .
Тој пристигна во Триполи неколку часа пред официјално да заврши мисијата на алијансата во Либија. Седумесечната мисија на Алијансата одигра клучна улога во соборувањето на Моамер Гадафи кој на 20-ти овој месец беше убиен за време на борбите во Сирт.
XS
SM
MD
LG