Достапни линкови

Европратениците предупредуваат за хуманитарна катастрофа во иранскиот камп


Европскиот парламент денеска предупреди на можна „ хуманитарна катастрофа“ во иранскиот бегалски камп во Ирак и ги повика Обединетите Нации да им обезбедат заштита на 3400– те жители во кампот. Претставникот на парламентот Струан Стивенсон го повика Ирак да го одложи предвидениот рок за затварање на кампот во Багдад. Претходно ирчкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари изјави дека владата има намера да го затвори кампот до 31 декември.
Европратениците сметаат дека затварњето на кампот може да се искористи како „оправдување за голем масакар“.
Кампот е отворен по војната во 1980 година во регионот по што кампот до 2009 беше под американска контрола која потоа ја презедоа ирачките власти.
XS
SM
MD
LG