Достапни линкови

Арифи се сретна со Олсон во Шведска


Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска се сретна со шведскиот министер за европски прашања Биргита Олсон, со претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања Карл Хамилтон и со Бјорн Лирвал политички директор во Министерството за надворешни работи. Во соопштението од секретаријатот за европски прашања е наведено дека на средбите се разговарало за актуелните политички и економски состојби во Македонија, функционирањето на меѓуетничките односи, со акцент на процесот на евроинтеграција. Во продолжение на соопштението е наведено дека на средбите билo изразено задоволство од нивото на билатералните односи, и потврдена поддршката од Шведска за европската интеграција на Македонија.
XS
SM
MD
LG