Достапни линкови

logo-print

Најверојатно кривични пријави за СДСМ, А1, Канал 5 и Сител


Најверојатно кривична пријава ќе следува за СДСМ за финансирање од недозволиви извори,а за А1 , Канал 5 и Сител како видливи или прикриени донатори на политичките партии за време на изборната кампања. Ова е наведено во информацијата на Антикорупциската комисија за изборната кампања на партии, која ќе биде доставена до Собранието.
Претседателот на Комисијата Воислав Зафировски изјави дека речиси сите политички партии кои учествувале на предвермените парламентарни избори, во своите финансиски извештаи имале разни пропусти, за кои, ќе следуваат прекршочни пријави.
Антикорупицската комисија смета дека Советот за радиодифузија со своето регистрирање само на 47 проценти од реално потрошеното време за медиумска кампања не ја остварил докрај својата улога во спречувањето на незаконитото финансирање на кампањата.
XS
SM
MD
LG