Достапни линкови

Убиени тројца вработени во ОН во Авганистан


Обединетите Нации соопштија дека тројца нивни вработени загинаa, а двајца се ранети при експлозија на бомба во Кандахар. Во соопштението на организацијата за бегалци е наведено дека вработените биле Авганистанци и дека нападот го извел бомбаш самоубиец. Претходно локалната полиција соопшти дека тројца вооружени напаѓачи отвориле оган пред седиштетото на Обединетите Нации и меѓународните хуманитарни организации во Кандахар.
Талибанците преземале одговорност за нападот.
Пред два дена загинаа 13 војници и цивили вработени во ИСАФ мисијата во Авганистан.
XS
SM
MD
LG