Достапни линкови

УНЕСКО го одобри палестинското членство


УНЕСКО денеска ја прими Палестина како полноправна членка во организацијата и покрај противењето на опонентите кои сметаат дека со тоа ќе наштетат во мировните преговори. Американските власти се заканија дека ќе повлечат 80 милиони долари кои се наменeти за финансирање на ова тело на Обединетите Нации за култура и наука доколку дозволат земјата да стане полноправна членка. УНЕСКО е прва организација од Обединетите Нации која го одобри палестинското членсво во светската организација. САД, Канада и Германија гласа против, додека Британија беше воздржана.
XS
SM
MD
LG