Достапни линкови

Расмусен во посета на Триполи


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска пристигна во Триполи неколку часа пред официјално да заврши мисијата на алијансата во Либија. Тој треба да се сретне со лидерите на Националниот преоден совет кои побараа од НАТО да ја продолжи воената операција во земјата до крајот на годината. Седумесечната мисија на Алијансата одигра клучна улога во соборувањето на Моамер Гадафи кој на 20-ти овој месец беше убиен за време на борбите во Сирт. По неговото соборување Советот ја прогласи Либија за слободна.
XS
SM
MD
LG