Достапни линкови

Избори во Хрватска на 4 декември


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска потпиша одлука за одржување на парламентарни избори во земјата на 4 декември годинава. Откако хрватскиот Парламент беше распуштен на 28 октомври, Владата на премиерката Јадранка Косор е само техничка и не може да донесува важни решенија, но треба да ги извршува постојните обврски. На изборите ќе се гласа за 140 пратеници во 10 изборни единици, а тројца пратеници ќе бидат избрани од дијаспората.
XS
SM
MD
LG