Достапни линкови

logo-print

Нема опасност од вехабистите во Македонија


Муслимански верници во џамија.

Муслимански верници во џамија.

Засега нема безбедносни ризици од вехабистите во Македонија, уверуваат од МВР. Експертите пак, повикуваат на претпазливост.

Македонската полиција соопштува дека во моментот во земјава нема опасност од безбедносни ризици од страна на вехабистистите. Од министерството за внатрешни работи велат дека ситуацијата будно се следи и дека засега не се забележани сомнителни активности на
Факт е дека во земјава постојат одредени припадници на радикалните исламски учења, но засега МВР нема детектирано никакви посериозни закани ниту по безбедноста на македонските граѓани, ниту пак по безбедноста на меѓународните претставници.
одредени групи или какви било информации за ширење на вехабизмот во земјава.

„Факт е дека во земјава постојат одредени припадници на радикалните исламски учења, но засега МВР нема детектирано никакви посериозни закани ниту по безбедноста на македонските граѓани, ниту пак по безбедноста на меѓународните претставници во земјава и нивните амбасади и дипломатско конзуларни претставништва“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Присуството на вакви потенцијално опасни и радикални групи во земјава Според ИВЗ влијанието на радикалните исламски групи врз муслиманските верници во Македонија е намалено

Според ИВЗ влијанието на радикалните исламски групи врз муслиманските верници во Македонија е намалено

го потврди и директорот на центарот за верско образование во Исламската верска Заедница, Јакуп Селимовски. Но, според неговите кажувања, нивното влијание врз муслиманскиот народ во земјава значително опаѓа и во моментот нема ризик од евентуални терористички активности на таквата група.

„Нивната активност е мошне намалена заради зголемената активност на Исламската верска заедница за правилно презентирање на исламот до верниците, правилно укажување за можните последици до верничката структура на муслиманите во Македонија.“

За разлика од овие тврдења, експертите велат дека нападот на Американската амбасада во Сараево кој беше извршен од страна на вехабист е само предупредување дека опасноста од ширење на оваа терористичка мрежа постои. Упатените во оваа област велат дека последиците од војните на Балканот предизвикаа менување на геостратешките активности на вехабиите.

Постојат можности за извршување на вакви акти во секој момент и треба да бидеме подготвени за превенција и да не дозволиме да дојде до најстрашното.
Поранешниот разузнавач и професор Владимир Пивоваров вели дека земјава е таргет на таквите групи особено откако стана дел од Коалицијата за партнерство за мир.

„Не се работи за изолирани групи, тоа беше период пред 20 години, сега веќе ни се во дворот, сега веќе имаат свои методи на дејствување кои не се само религиозни туку и на многу други начини дејствуваат. Постојат можности за извршување на вакви акти во секој момент и треба да бидеме подготвени за превенција и да не дозволиме да дојде до најстрашното.“

Експертите укажуваат дека земјава може да се заштити од евентуални напади на вехабиите доколку службите за разузнавање работат професионално и навремено ги откриваат можните закани за безбедноста.

Неколкупати досега Исламската верска заедница апелираше дека во земјава се присутни вехабиите и оти истите се обидуваат под своја контрола да заземаат неколку џамии. Упатените велат дека нивното присуство во голем број беше регистрирано и за време на конфликтот од 2001 година, особено во кумановско-липковскиот крај.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG