Достапни линкови

logo-print

Јапонскиот премиер се извини за парите што ги примил


Јапонскиот премиер Јошихико Нода денеска се извини за тоа што примил пари од странски државјани во период кога во земјата изби скандал за донации поради кој беше сменет претходниот премиер. Нода признал дека, како што вели, несвесно примил 6 илјади долари од странци, но додаде дека веднаш ги вратил парите. Тој изјави дека во иднина ќе обрати поголемо внимание на такви случаи и дека нема да дозволи тоа да се повтори. Претходно министер за надворешни работи си поднесе оставка затоа што опозицијата изврши притисок врз него поради тоа што со примање пари од странци го прекршува законот во Јапонија.
XS
SM
MD
LG