Достапни линкови

Бројни коментари од нашите слушатели на прашањето во рубриката Хајд Парк: Дали писмата до Филе ќе променат нешто или се политички трик за домашна употреба?

Дали писмата до Филе ќе променат нешто или се политички трик за домашна употреба - ги прашавме граѓаните во нашата видео-анкета во Хајд паркот. Граѓаните се прилично сомничави во ефектот, а и судејќи според коментарите на нашата веб-страница - се чини дека граѓаните сепак се политички писмени и ги сфаќаат нештата.

Владимир Петровски
Драган од Куманово заклучува дека ќе сме јаделе дрвја и корења, не ни требаат, пишува, ни ЕУ ни НАТО, само лидерот да е задоволен и да владее 100 години

пишува дека „лавовите од БЈРМ станаа едно мало маче, срам да му е, постојано плаче“, а Бошко бара гаранции од Груевски дека нема да избега во странство, па потоа да барал поддршка.
„Или како и неговиот претходен лидер ќе земе пасош од друга држава, а ако продолжи тврдоглаво да се кара со цел свет, кај и да е ќе му се случи Арапска пролет“, предупредува Бошко.

Драган од Куманово заклучува дека ќе сме јаделе дрвја и корења, не ни требаат, пишува, ни ЕУ ни НАТО, само лидерот да е задоволен и да владее 100 години, а Перо од Скопје смета дека само со поддршка на лидерот Ким Ил Сунг, Милошевиќ, Тито, Грујо може да се напредува.

Нашиот текст „Писма без ефект“ е најчитаната и најкоментираната содржина во изминатата недела. Но, простете за слободата, се добива впечаток дека текстовите се сфаќаат според некоја своја сопствена матрица на размислување. Горан од Скопје му забележува на цитираниот аналитичар Исмет Рамадани кој, според Горан, сите кои реагираат на испуштањето на
Владимир Петровски пишува дека „лавовите од БЈРМ станаа едно мало маче, срам да му е, постојано плаче“

придавката „македонски“, во Извештајот на Унијата ги ставал во ист кош со почитувачите на „делото“, на Никола Груевски, а јас сум, вели, само Македонец, кој протестира против односот на ЕУ кон нашата земја.

Ратко од Македонија смета дека текстот иронизира со сериозно прашање и дека според Редакцијата сите требало да седат и да молчат за се' и сешто.

Има еден подолг коментар потпишан со Ајет од Скопје во кој слушателот дава свое видување на неупотребата на придавката „македонски“, во Извештајот. Имено, Ајет вели дека е Албанец и кога некој ќе го праша „Што си ти?“ - јас, вели, ако одговорам дека сум Албанец, има коментари дека не сум лојален граѓанин на Република Македонија. Ако кажам дека сум Македонец, пак сум кабает, зашто не сум Македонец по род, односно по националност. Во тоа е грешката, коментира Ајет, што државноста и нацијата ја врзуваме само за еден дел од народот во земјава.

Лазо од Крушево, очигледно не разбирајќи го Ајет, одговара дека преголеми права дадени на едно, како што вели, малцинство, се злоупотребуваат. Во врска со неупотребата на придавката, Лазо потсетува дека кога Бугарија била примена во ЕУ, таа го немала признаена македонското малцинство таму, па сепак била примена во Унијата. Треба што побрзо да бараме алтернатива, завршува овој слушател.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG