Достапни линкови

logo-print

Вицепремиерката Арифи во посета на Шведска


Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска престојува во еднодневна работна посета на Шведска. Арифи ќе се сретне со шведскиот министер за европски прашања Бригита Олсон, со претседателот на Комисијата за европски прашања Карл Хамилтон и со политичкиот директор во Министерството за надворешни работи на Шведска Бјорн Ливрал. Во рамки на посетата Арифи ќе одржи предавање на тема „Современите предизвици на Република Македонија во контекст на европската перспектива“.
XS
SM
MD
LG